Турскиот готвач и сопственик на ресторани, Нусрет Гокче кој стана хит поради начинот на кој фрлаше сол од високо врз месата кои ги готвеше, важи за човек кој постојано сака да се слика со познати спортисти.
Големото богатство кое го стекна му дозволува да биде на секој голем настан, па се појави и на Светското првенство. Некој му дозволил да стапне и на теренот каде ретко кој може да влезе покрај актерите.
Хит на интернет е видеото на кое се гледа како Нусрет тргна да го дофати Меси за да се слика со него, го влечеше за рака, Аргентинецот го погледна, и ладно се сврте продолжувајќи да се поздравува со другите.
Even Messi knows salt bae is a hack pic.twitter.com/c457o1GnHt
— Z Bo (@zekedabolina) December 18, 2022
Нусрет не беше повреден од реакцијата на Меси, па продолжи да го брка за да се слика со него. Во еден момент успеа да го направи тоа.