Турција го искористи домашниот терен и со 3-1 ја совлада Унгарија во плеј-оф меч од Лигата на нации, а Грузија со 3-0 победи на гостувањето кај Ерменија.
Турците и Унгарците играат плејоф за влегување односно опстанок во Лига А од Лигата на нации.
Турција се бори за првпат да влезе во најдобрата дивизија, а Унгарците да го зачуваат местото таму.
Домаќините поведоа уште во деветата минута со гол на Кокчу, а во 25. минута Шафер изедначи на 1-1.
Турците предноста ја вратија во 69. минута кога гол даде Актуркоглу, а четири минути подоцна Кавечи погоди за конечни 3-1.
— Footballnus (@footballnus) March 20, 2025
GOAL: Kerem Aktürkoğlu restores the lead
What A cross by Oğuz AydınTürkiye 2-1 Hungary
pic.twitter.com/0xIX6iEpg1
За три дена се игра реванш меѓу овие две селекции во Будимпешта.
Грузија со 3-0 славеше на гостувањето кај Ерменија и практично си ја заврши работата уште на првиот меч, би требало да се случи чудо за да не ја задржат оваа висока предност на свој терен.
Ерменија се бори за влез во Б лигата, а Грузија се обидува да се задржи таму.