Турција со минимални 1-0 го совлада Косово во Приштина и го визира билетот за Светското првенство, а таму оди и Шведска која со 3-2 ја совлада селекцијата на Полска.
Херој на Турците беше Артукоглу кој постигна гол по осум минути игра во второто полувреме, на крајот тоа се покажа и како единствениот погодок на мечот.
🌏🚨GOAL AKTURKOGLU SCORES
— LIVE GOALS (@FTLiveGoals) March 31, 2026
KOSOVO 0-1 TURKEY
pic.twitter.com/FORwe3aS51
Многу поефикасно беше на мечот меѓу Шведска и Полска каде беа постигнати пет голови.
Шведска дојде во водство во 19. минута со гол на Еланга, во 33. минута Залевски изедначи на 1-1.
Пред крајот на првото полувреме Лагербилке ја врати предноста на Швеѓаните, но по десет минути игра во вториот дел Свидерски изедначи на 2-2.
Шведска по третпат поведе кога Ѓокереш во 88. минута погоди за 3-2, Полјаците не можеа да изедначат и по третпат.