1,8K
Интер кискна на гостувањето кај Парма, избраниците на Инзаги испуштија два гола предност и се враќаат дома само со бод.
Интер на полувреме имаше 0-2 на гостувањето кај Парма, но домаќините не се предадоа и во продолжението од мечот се изборија за 2-2 и поделба на бодовите.
Дармијан го отвори резултатот по 15 минути игра, а во финишот на првиот дел, Турам го постигна најчудниот лоб, и еден лош удар на крајот испадна атрактивен погодок за 0-2.
Но избраниците на Инзаги се опуштија во вториот дел, Бернабе намали на 1-2 по еден час игра, за Ондрејка во 69. минута да реализира за 2-2 и да му откине два бода на Интер во трката за Скудетото.