Тунис има нерешен резултат од првото полувреме со Англија (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Малкумина
очекуваа дека Тунис на овој начин ќе му се спротистави на тимот на Англија,
барем во првото полувреме, откако по првите 45 минути игра на средбата во
Волгоград резултатот е 1-1.

Кејн уште во 11.
минута искористи отпадок во казнениот простор на Тунижаните и ја донесе својата
селекција во водство од 1-0, откако претходно Стоунс биеше прецизно со глава по
нафрлената топка од корнер, а неговиот обид беше со крајни напори одбранет од
Хасен кој инаку излезе во игра уште во 16. минута поради повреда.

Во 33. минута
главниот арбитар на мечот, Колумбиецот Ролдан беше одлучен во својата намера да
досуди прекршок за најстрога казна во корист на ТУнис откако Кајл Вокер беше
невнимателен во казнениот простор на Англија, удирајќи го со лакт Бен Јусеф.

Сигурен реализатор
од белата точка беше Саси чиј обид беше прочитан од страна на Харт, но неговиот
удар беше доста прецизен со што донесе голема радост за фановите на Тунис, а
разочарување на спротивната страна.

Линдгард беше доста активен во првото полувреме, а на една минута пред паузата погоди и во стативата откако излезе сам, очи во очи со противничкиот голман.

Англија како фаворит нема право на кикс, претходно ќе потсетиме дека Белгија со 3-0 беше подобра од Панама.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани