Фудбалерите на Пари Сен Жермен славеа победа во вечерашниот натпревар од 28-то коло против Тулуз со 3-1.
Домаќините беа и ја оправдаа фаворитската улога, а одличен на теренот беше Осман Дембеле кој постигна два гола во првото полувреме.
Резултатот Французинот го отвори со еден еврогол во 23-тата минута, Тулуз израмни ореку Николаисен четири минути подоцна. Сепак, Дембеле одново стапи на сцена во 33-тата кога го врати водството на својот тим.
Во продолжение избраниците на Луис Енрике сигурно го чуваа резултатот, Тулуз не создаде посериозни прилики за да дојде до израмнување. Точка на натпреварот стави Гонзало Рамош во втората минута од судиското продолжение.
ПСЖ со овој триумф дојде до 63-бода, четири повеќе од второпласираниот Ленс.