Тухел објаснува зошто го извади Обамејанг од игра

by
1 минути читање

Борусија Дортмунд беше подобар противник од Бенфика но го загуби вчерашниот прв осминафинален меч со 1-0.

Германскиот тим имаше повеќе шанси за гол, Обамејанг не реализираше пенал, плус пропушти уште две идеални можности пред да биде повлечен во игра во 62. минута од мечот.

Обамејанг со негодување излезе од теренот, а Томас Тухел објаснува зошто го повлекол од игра.

„Обамејанг не е комплетно подготвен по враќањето од Африканскиот Куп на Нации. Неговиот говор на тело не сугерираше дека ќе биде подобар по промашувањето на пеналот“ – вели Тухел.

Тренерот на Борусија е задоволен од играта на својот тим, но разочаран од резултатот.

„Ова е екстремно комплициран резултат но многу сум горд од тоа како одигравме. Иако сум многу разочаран, горд сум како се презентиравме. Среќа што има реванш“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани