Борусија Дортмунд загуби со 3-2 на свој терен од Монако во првиот четвртфинален натпревар кој се играше само еден ден по нападот на автобусот на домашните фудбалери.
Утре е реваншот во Монако каде што Дортмунд ќе ја брка негативата од првиот меч.
„Треба да играме добро и уверен сум дека така ќе биде“ – вели Тухел.
„Тука донесов квалитетен состав кој е способен да победи со два гола разлика. Нашиот имиџ е да се обидуваме да постигнуваме голови. Ќе напаѓаме од првата до 90. минута од натпреварот“.
„Подготвени сме за натпреварот и максимално фокусирани. Знаеме дека ќе биде тешко, но уверени сме. Ние сме напаѓачки состав и ќе креираме шанси колку што можеме повеќе“.
„Имаме добар микс од искусни и млади фудбалери. Играме добро во Лигата на шампионите и сакаме да останеме во натпреварувањето“.