Тудор во Тотнем испиша негативен рекорд, вакво нешто не им се случило никогаш претходно

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Тотнем сезонава се соочува со сериозна криза од која барем во овој момент не изгледа дека е на повидок да излезе.

Тимот кој неодамна го презеде тренерот Игор Тудор не само што се бори за опстанок во Премиер лигата, туку речиси сигурно ќе ја заврши и европската приказна во Лигата на шампионите. Во првиот натпревар во Мадрид против Атлетико доживеа тежок пораз од 5-2, што дополнително ја продлабочи кризата во тимот.

Овој неуспех воедно беше и шести по ред за лондонскиот клуб, нешто што никогаш досега не му се случило во неговата историја. До овој податок дојдоа англиските медиуми, а ситуацијата станува уште потешка ако се знае дека веќе во недела Тотнем го очекува дуел против Ливерпул.

Да потсетиме, последната победа на тимот беше на 7 февруари против Манчестер јунајтед со 2-0. Потоа следуваа порази на домашен терен од Њукасл со 1-2 и од Арсенал со убедливи 1-4, загубија и на гостувањето кај Фулам со 2-1, а пред својата публика беа поразени и од Кристал палас со 1-3.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×