Тудор вели дека ќе „шамара“ еден фудбалер на Јувентус

by bojan
1 минути читање
Тудор

Новиот тренер на Јувентус, Игор Тудор на шега порача дека ќе го „шамара“ Кефрен Турам доколку фудбалерот од средниот ред не се однесува како што треба.

Игор Тудор денеска се сретна со новинарите и разговараше на многу теми и доби прашања за неколку фудбалери, едно од нив беше наменето за летното засилување Кефрен Турам.

„Пред некој ден зборував со Лилијан (таткото на Кефрен), си направивме добар муабет. Видете, ако момчето не се однесува како што требе, ќе „јаде“ шамари“ – вели новиот тренер на Јувентус.

Ваквата изјава на Хрватот не е закана и е само обична шега.

Во мај 2024, кога Интер славеше титула, Маркус Турам го понесе атмосферата и се придружи на скандирања против Јувентус, па Лилјан Турам стапи на сила и му „залепи“ воспитна на својот син.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани