Тудор може да биде среќен: Во Јувентус наскоро паѓа важен потпис

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Јувентус, предводен од хрватскиот стратег Игор Тудор, подготвува нов договор за 20-годишниот офанзивец Кенан Јилдиз, пренесуваат италијанските медиуми.

Младиот турски репрезентативец одигра одлично во саботното дерби од 3. коло во Серија А, кога со гол и асистенција ја водеше „старата дама“ до победа од 4:3 против Интер.

По три одиграни кола, Јувентус и Наполи се со максимални девет бода, а Јилдиз веќе има еден постигнат погодок и три асистенции. Фудбалерот кој потекнува од академијата на Баерн Минхен во Торино пристигна во 2022 година, како 17-годишник, најпрво во младинскиот состав. Во втората половина од сезоната 2023/24 почна да добива повеќе минутажа во првиот тим, а минатата сезона имаше солиден учинок одд 12 гола и девет асистенции.

За него летово интерес покажа Челси, кој понуди 70 милиони евра обештетување, но Јувентус ја одби понудата и одлучи да го заржи во своите редови, неговиот договор во овој момент има важност до јуни 2029 година.

Фото: Juventus FC/X

Можно е и ова да ти се допаѓа

×