Тудор: Модриќ е неверојатен, ама се надевам дека ќе зас*ре нешто против Јувентус

by 24 фудбал
1 минути читање

Јувентус ќе го дочека Милан во натпревар од шестото коло на Серија А. Дербито на рундата на „Алијанц стадион“ привлекува големо внимание, а своите очекувања ги изнесе тренерот Игор Тудор.

Не знам каков натпревар ни следува. Милан е врвен тим со одличен тренер и играчи, а играат и во добра форма. Ние сме домаќини и мора да бидеме на нивото. Она што ни недостига е победа. Кога анализирам јас го гледам перформансот, а против Аталанта и Виљареал бевме одлични и подобри од противниците. Играчите се трудеа и дадоа сè од себе, малку ни недостигаше да освоиме бодови“, изјави Тудор.

Не можеше да изостане и прашањето за неговиот сонародник Лука Модриќ кој влезе во петтата деценија од животот, а игра на врвно ниво за „росонерите“.

Модриќ и јас бевме соиграчи во репрезентацијата. Потоа тој испиша историја во Хрватска. Со 40 години и понатаму игра на врвно ниво, се гордеам со него. Сепак, се надевам дека во дербито нешто ќе зас*ре“, се пошегува Тудор.

Јувентус последен пат победи на 13 септември на истиот терен против Интер, а за разлика од нив Милан е во серија од пет победи на сите фронтови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×