Наскоро се очекува Тотнем да направи нова тренерска смена, Игор Тудор да добие отказ, а на негово место да дојде тренер кој ќе има задача да избори опстанок во Премиер лигата.
Тудор како тренер на Тотнем има четири порази од исто толку натпревари, а ова коло во Премиер лигата му гостува на Ливерпул, потоа следува реваншот со Атлетико Мадрид.
Распоредот не оди во прилог на Хрватот и тешко да се дојде до победа на овие два меча.
Наводно раководството на Тотнем веќе ги прави плановите за нов тренер, а како прва желба им е Роберто Де Зерби.
Сепак италијанскиот стратег се верува дека е тешка опција во овој момент иако тој е слободен тренер по заминувањето од Марсеј.
На листата имаат неколку тренери, а одлуката треба да биде донесена наскоро.