Според пишувањата на Мундо Депортиво, Барселона ќе треба да одвои 62 милиони евра за да ја активира откупната клаузула на Нико Вилијамс, „каталонците“ ќе платат 4 милиони евра поради Индексот на трошоците на живот.
Нико Вилијамс е главната трансфер цел на Барселона и Жоан Лапорта ова лето, преговорите се во завршна фаза, и се очекува во скоро време Шпанецот да даде зелено светло за трансфер на Камп Ноу.
Во неговиот договор со Атлетик Билбао има откупна клаузула вредна 58 милиони евра, но како што пренесува Мундо Депортиво, „каталонците“ ќе треба да одвојат нешто повеќе за комплетирање на зделката.
Причина за ова е влијанието на Индексот на трошоците за живот врз клаузулата, трошоците за живот се зголемни, па финалната цена ќе биде 62 милиони евра.