210
Фудбалерот на Арсенал и белгиската репрезентација, Леандро Тросар има почит за Македонија но вели дека нивната цел е колку што е можно порано да го решат победникот на мечот.
Белгија како фаворит ќе го почне мечот против Македонија, а ние ќе се обиде да ги изненадиме и да оствариме резултат кој ќе не однесе чекор поблиску до Светското првенство.
„Од нас зависи дали ќе победиме во петок и ќе отидеме во Велс со добро чувство“, вели Тросар.
„Не смееме да ја потцениме Македонија, па треба да се обидеме да го затвориме мечот колку што е можно побрзо. Ако веруваме во тоа, ќе се случи“.
Натпреварот меѓу Белгија и Македонија се игра во петок со почеток од 20:45 часот.