Жозе Мурињо
денеска се врати на Олд Трафорд, Португалецот го работеше дербито помеѓу
Манчестер јунајтед и Челси како стручен коментатор за Скај Спортс. „Ѓаволите“ ја
наполнија мрежата на Челси и славеа со убедливи 4-0, а „специјалниот“ призна
дка бил импресиониран од она што го видел.
Триумфот беше
икористен од страна на Гери Линкер за убаво да го истрола Жозе Мурињо. Легендата на
Англија, кој често знае да направи шоу на социјалните мрежи, напиша: „Ова
дефинитивно беа најдобрите перформанси на Манчестер јунајтед со Жозе Мурињо на
Олд Трафорд“.
Португалецот
помина две ипол години на кормилото на „ѓаволите“, и кога сите очекуваа во
третата сезона тој да отиде чекор напред, клубот го имаше најлошиот старт по неколку децении, па Жозе Мурињо не го дочека крајот на годината и во декември
заработи отказ.
This is definitely @ManUtd’s best performance with Mourinho at Old Trafford.
— Gary Lineker (@GaryLineker) August 11, 2019