Бура во Челси по триумфот на Аргентина на Копа Америка, Енцо Фернандез е во проблеми откако „гаучосите“ при прославата користеа расистички скандирања наменети за француските фудбалери.
Челси покрена дисциплинска постапка против Енцо Фернандез, а тројца соиграчи (Аксел Дисаси, Весли Фофана и Мало Густо) го отследија Аргентинецот од социјалните мрежи.
Причина се расистичките скандирања при прославата на „гаучосите“ по победата над Колумбија во финалето на Копа Америка.
Енцо Фернандез во живо на Инстаграм ја пренесуваше атмосферата од автобусот, и во еден момент аргентинските фудбалери почнаа да пеат песна во која се вели дека „играат за Франција, но се од Ангола, мајка им е од Нигерија, татко им е од Камерун, но во пасошот стои: Французин“.
Argentina's Copa America winners were filmed singing a racist chant. Its xenophobic lyrics partly mock the French national team.
— DW Sports (@dw_sports) July 16, 2024
"They play for France,
but they are from Angola.
His mother is Nigerian,
his father Cameroonian,
but on the passport: French"pic.twitter.com/0vfQcaPPRT
Челси утрово се огласи и најави дека е покрената дисциплинска постапка против Енцо Фернандез.
„Сите форми на дискриминација се неприфатливи за Челси. Горди сме поради тоа што сме разновиден и инклузивен клуб, каде луѓе од сите култури, заедници и припадности се чувствуваат добредојдени. Го поздравуваме јавното извинување на нашиот играч, и ќе го искористиме сето ова како шанса за едукација. Клубот веќе започна интерна дисциплинска постапка“ – гласеше известувањето.
Во меѓувреме, на социјалните мрежи се огласи и Енцо Фернандез, кој се извини за скандалот.
„Сакам искрено да се извинам за видеото постирано на мојот Инстаграм канал за време на прославата со националниот тим. Песната содржи прилично навредлив јазик и нема изговор за кажаните зборови. Против сум било каква форма на дискриминација, па сакам да се извинам поради тоа што дозволив да бидам понесен од еуфоријата при прославата на титулата на Копа Америка. Видеото, тие моменти, кажаните зборови, не ги отсликуваат моите верувања и мојот карактер. Искрено жалам“ – гласеше пораката на фудбалерот од средниот ред.