Репрезента Аргентина нема да биде во комплетен состав на пријателскиот натпревар против Ангола, закажан за 14 ноември, а причината за тоа е прилично необична.
Аргентинците се собраа во шпанскиот град Елче, каде што ќе ги одработуваат подготовките до четврток, пред да заминат за Ангола. Сепак, тројца фудбалери на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, Џулијано Симеоне и Нахуел Молина, нема да патуваат со тимот бидејќи не успеале навреме да ја примат задолжителната вакцина против жолта треска, без која не е дозволен влез во земјата.
Покрај споменатото трио за овој натпревар селекторот Скалони го нема и Енцо Фернандез кој е повреден.
Пријателскиот меч меѓу Ангола и Аргентина ќе се одигра во петок со почеток во 17 часот.