Жозе Мурињо е без работа, се очекува да му се врати на фудбалот следната сезона, а Интер беше еден од клубовите со кои се поврзуваше.
Сепак, според престижниот италијански весник „Кориере дело Спорт“, Португалецот не е еден од кандидатите за нов тренер на Интер.
Спалети треба да си оди по крајот на сезоната откако Интер беше елиминиран од Купот на Италија, Лигата на шампионите, Лига Европа, а во ризик е и пласманот во топ четири во Серија А.
Најголем фаворит од тројцата посочени кандидати е Антонио Конте, особено што Интер сега на позицијата директор го има Бепе Марота. Двајцата соработуваа во Јувентус.
Втор на листата е Маурицио Сари од Челси, а трет е тренерот на Сампдорија, Марко Џампаоло.
Проверете го викенд тикетот на BetAdria.com.