822
Eкипата на Челси добро ја стартуваше новата сезона, но одредени фудбалери немаат голема минутажа кај тренерот Енцо Мареска и би можеле да заминат.
Медиумите на Островот пренесуваа дека Бен Чивлел, Карни Чуквемека и Чезаре Касадеи се на излезни врати, а за првите двајца потврди и Мареска.
„Чилвел и Карни не играа премногу и тие се веројатно првите кои ќе сакаат да си заминат во јануари“, изјави Мареска.
Кога е Касадеи во прашање според информациите за него имало интерес од клубови од Серија А.