Тројца фудбалер на Реал Мадрид се веќе незадоволни од Алваро Арбелоа

by bojan
1 минути читање

Очигледно не е лесно кога во тимот се има многу ѕвезди, тројца фудбалери на Реал Мадрид почнале да покажуваат незадоволство од тренерот Алваро Арбелоа.

Чаби Алонсо можеби испиша историја во Баер Леверкузен, но во Реал Мадрид издржа едвај седум месеци.

Стратегот не успеа да ги наметне своите замисли во соблекувалната на „кралевите“ и неколку ѕвезди му го свртеа грбот – Винисиус Жуниор, Џуд Белингем и Феде Валверде беа посочени како главните виновници за отказот на Чаби Алонсо.

Но очигледно не е лесно кога во тимот се има многу ѕвезди, медиумите од Шпанија сега пренесуваат дека други тројца играчи ппкажале незадоволство од Алваро Арбелоа, кој е на кормилото само неколку недели.

Кадена КОПЕ објави дека младите Арда Ѓулер и Франко Мастантуоно се незадоволни што не добиваат соодветна минутажа, или често први го напуштаат теренот и се повлечени од игра на сметка на поискусните играчи.

АБЦ додава дека и Орелиан Чуамени е во слична ситуација како Турчинот и Аргентинецот.

Весникот објаснува дека во Реал Мадрид секогаш некој ќе биде незадоволен, а Арбелоа знае дека не е исто да ги има Винисиус и Белингем за непријатели, наместо Ѓулер и Чуамени“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×