Трансферот на Брајан Мбеумо во Манчестер јунајтед вреден околу 82 милиони евра ќе ја наполни и касата на францускиот второлигаш Троја, клубот ќе инкасира околу 9,5 милиони евра.
По месец ипол долги преговори, Манчестер јунајтед оваа недела конечно го ангажираше Брајан Мбеумо од Брентфорд во зделка вредна околу 82 милиони евра сосе бонуси.
Зделката е одлична за популарните „пчели“, а од неа богатство ќе заработи и Троја.
Францускиот второлигаш треба да добие 10% од капителната добивка, или во случајов околу 7,5 милиони евра. На Троја следуваат и уште 2 милиони евра од тренинг компензации, па крајната сума ќе биде околу 9,5 милиони евра.
Интересно, Троја го продаде Брајан Мбеумо на Брентфорд за околу 6,6 милиони евра, тоа значи дека сега од неговиот трансфер во Манчестер јунајтед ќе заработи повеќе отколку првичната продажба.
ФОТО: X/Manchester United