Наполи викендов му се враќа на шампионатот во Серија А со гостување кај Кремонезе, во значително поинаква атмосфера по освоениот прв трофеј во сезоната.
Успехот донесе нов оптимизам во клубот и ја отвори можноста за продолжување на соработката со Антонио Конте.
Иако во ноември беше под силен притисок и се шпекулираше за негово заминување, претседателот Аурелио де Лаурентис јавно застана зад тренерот. Италијанските медиуми најавуваат дека преговорите за нов договор веќе започнале и дека Конте би добил подобри финансиски услови.
Сепак, и покрај освоениот Суперкуп, останува фактот дека Наполи не е доволно убедлив во Серија А и во Лигата на шампионите, каде што по шест кола има само седум бода и неизвесна борба за пласман во следната фаза.