Во Италија
пишуваат дека новиот шеф на стручниот штаб на Интер, Антонио Конте е во
исчекување на исходот од случајот со Мауро Икарди, односно, чека на негова
продажба за да ги комплетира трите посакувани засилувања во тимот.
„Кориере дело
Спорт“ наведува дека Конте и Интер се подготвени да понудат 35 милиони евра за
фудбалерот од средниот ред на Каљари, Николо Бареља, 15 милиони евра за
напаѓачот на Рома, Един Џеко, како и 70 милиони евра за напаѓачот на Манчестер
јунајтед, Ромелу Лукаку.
Како и да е,
Нероаѕурите само чекаат на вистинскиот момент за да ги реализираат своите цели,
пред се’, тука се мисли најпрво на продажбата на Икарди која е мошне извесно дека ќе се случи ова
лето.
Се верува дека од
Интер јасно му посочиле на Икарди дека тој повеќе не е во плановите на клубот
за идната сезона, а Аргентинецот пак, наводно планира да преземе радикални
чекори со своите адвокати каде преку правни процедури би го напуштил Милано без
никакво обештетување, а доколку дојде до такво нешто, сигурно би се промениле
плановите на Конте околу засилувањата, и тоа драстично.