244
Медиумите од Франција пренесуваат дека ПСЖ е подготвен да ги продаде Рандал Коло Муани, Гонсало Рамош и Мануел Угарте доколку ова лето пристигнат примамливи понуди.
„Светците“ минатото лето инвестираа преку 300 милиони евра на засилувања, но поголемиот дел од нив не ги оправдаа очекувањата.
Па веќе ова лето тие можат да го напуштат Париз, како што пишуваат медиумите, ПСЖ е подготвен да седне на маса и да преговара доколку пристигнат примамливи понуди за Рандал Коло Муани, Гонсало Рамош и Мануел Угарте.
Интересно, ова беа трите најскапи засилувања на „светците“ од пред 12 месеци, за Французинот беа одвоени 95 милиони евра, за Португалецот 65 милиони евра, а за Уругваецот 60 милиони евра.