Трипие: Сакав да учам од Симеоне, морам да се подобрам во играта во одбраната

by
1 минути читање

Бекот на Атлетико
Мадрид, во интервју за „БТ Спорт“ говореше за неговото досегашно искуство во
Шпанија по трансферот од Тотнем изминатиот летен преоден рок, и тоа за само 20
милиони евра, иако важеше за еден од најдобрите на својата позиција во
Премиерлигата.

Бев возбуден
кога потпишав за Атлетико, секогаш сакав да играм во странство и да се обидам
на нешто различно во кариерата, а времето дојде за такво нешто. Ова беше
одлична шанса за мене да дојдам во Атлетико, еден неверојатен клуб, одлични
анвивачи, среќен сум што сум дел од оваа реалност
“ вели Англичанецот кој притоа
упати и пофалби на сметка на неговиот тренер во редовите на „Јорганџиите“,
Диего Симеоне.

Станува збор за
тренер од светска класа, сакав да учам од него, а воедно и да играм за него,
морам да се подобрам во играта во одбраната и не постои подобра особа од која
можам да научам
“ додаде Трипие.

29 годишниот бек
потпиша договор со Атлетико Мадрид со важност до 2022. година, за прв пат го
напушти Островот во својата кариера, а досега забележа седум настапи за тимот
од шпанската престолнина, реализирајќи и две асистенции. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×