Трипие од Бејл гледа како не треба, прави обратно од Велшанецот, веднаш почна да учи шпански

by
1 минути читање

За разлика од Бејл, Трипие веднаш почнал да учи шпански, тој открива дека пет дена во неделата оди на часови со цел да се прилагоди колку што е можно побрзо во новиот клуб, Атлетико Мадрид.

28-годишниот бек ја исполни својата долгогодишна амбиција да игра во странство откако за 20 милиони фунти од Тотнем се пресели во Шпанија.

Тој беше дел од сите четири подготвителни победи на Атлетико Мадрид и си има поставено цел да го научи шпанскиот колку што е можно побрзо.

„Мојот приоритет е да зборувам шпански. Сакам да бидам инволвиран со играчите и да го разбирам тренерот повеќе“, вели Трипие.

„Имам наставник во Мадрид и пет дена во неделата по два часа учам, па можеби за месец или два ќе можеме да имаме интервју на шпански“.

Тоа што го прави Трипие е спротивно на Герет Бејл кој покажа непочитување кон шпанскиот јазик. Иако шест години е во Мадрид, зборува само англиски. Критика за тоа доби и од неговиот сонародник Џон Тошак, кој е и поранешен селектор на Македонија.

„Таму си шест или седум години досега. Не го зборуваш јазикот. Тоа е навреда за луѓето со кои работиш“, изјави Тошак.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×