Се чини дека
позитивниот Диего Коста, барем како што го карактеризира Киеран Трипие, во
голема мера помогнал во адаптацијата на Англичанецот во Атлетико Мадрид по
неговиот трансфер во летниот преоден рок од редовите на Тотнем.
Трипие вели дека
неговиот соиграч постојано го нарекува ‘Руни’ по англискиот
напаѓач Вејн Руни, меѓутоа се чини дека на Англичанецот тоа не му пречи, вели
дека Коста постојано прави шеги во тимот.
„Тој ме нарекува
Руни по десет пати на ден, постојано го прави тоа, само поради забава, меѓутоа
тоа е Диего, не се грижам за тоа воопшто, сите гледаме со насмевка на тие шеги
и мене ми се допаѓа тоа што тој постојано прави шеги“ вели Трипие.
„Го знам уште од
периодот кога настапуваше во Премиерлигата, тој е најзабавниот фудбалер со кого
некогаш сум бил соиграч“ додава Англичанецот.
„Тука има одлична
атмосфера, сите прават шеги, меѓутоа Коста е најсмешниот, а што се однесува до
адаптацијата, сметам дека истата е перфектна“ објасни бекот, кој потоа додаде
каков е животот во шпанската престолнина.
„Времето е тука пристојно,
храната неверојатна, подобра од онаа во Англија, луѓето ми посакаа добредојде
мене и моето семејство, а кога ќе ме здогледаат во Мадрид постојано ми
порачуваат дека сум одличен, би сакал само да им се заблагодарам на сите кои
прават да се чувствувам тука како дома, за тоа што го прават моето семејство да
биде со насмевки, а воедно го прават мојот живот многу полесен тука“ заклучи
Трипие.
29 годишниот
Трипие досега забележа седум настапи во деветте кола одиграни во Примера,
Атлетико Мадрид не може да се пофали со добра форма, но се чини дека тоа не е
загрижувачки податок за Диего Симеоне ако се земе во предвид дека истото се
однесува и на ривалите Барселона и Реал Мадрид.