Тричковски во тимот на сезоната на Кипар

by
1 минути читање

Македонскиот
интернационалец од редовите на кипарска АЕК Ларнака е селектиран во најдобриот
тим на сезоната во тамошниот шампионат.

Искусниот
30-годишен офанзивен играч од средниот ред, сезонава одигра 26 натпревари а
притоа постигна и 14 погодоци.

АЕК Ларнака има
четири бода негатива зад лидерот АПОЕЛ во елитното друштво на Кипар на само два
кола до крајот на шампионатот и има обезбедено место во квалификациите за Лига
Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани