Со денешната
победа над Аполон со 2-1 пред своја публика, АЕК Ларнака ја продолжи трката за
излез во Европа во најсилниот кипарски фудбалски шампионат, а херој за
победничкиот табор во таа пресметка беше токму Иван Тричковски.
Популарниот
Тричко ги постигна и двата гола за АЕК Ларнака, најпрво погоди уште во шестата
минута, но гостите до крајот на полувремето израмнија и најавија неизвесна
завршница.
Сепак,
Македонецот со својот втор гол, овој пат во 73. минута донесе победа од
исклучително значење за АЕК Ларнака која на три кола до крајот на тамошниот
шампионат има бод предност во однос на АЕЛ на табелата, на местото кое води во
Лига Европа.
Нашиот втор
интернационалец од составот на АЕК Ларнака, Даниел Мојсов ги одигра сите 90
минути од денешниот меч, а Тричковски сезонава на 20 меча има фантастичен
учинок од 14 погодоци досега.
Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на БетАдриа и добиј до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит, регистрирај се ТУКА.