161
АЕК Ларнака
ремизираше на гостувањето кај Олимпијакос Никозија со 2-2, иако тимот на нашиот
репрезентативец Иван Тричковски имаше и водство од 0-2, на крајот се задоволи
со само бод од тоа гостување.
Токму 32
годишниот Македонец во 26. минута погоди за 0-2, и тоа реализирајќи успешно во
ударот од белата точка.
Тричковски со пет
погодоци од три натпревари засега е прв стрелец во најсилниот шампионат на
Кипар, а неговиот тим АЕК Ларнака засега забележа една победа и две ремија на
стартот од новата сезона.