590
Репрезентативецот
на „црвено-жолтите“, Иван Тричковски и неговиот АЕК Ларнака се на чекор до
плеј-офот од Лига Европа откако вечерва со 2-0 триумфираа на гостувањето во
Грац.
Македонецот во
74. минута рутински ја затресе празната мрежа на Штурм за да го постави конечниот
резултат.
Мечот ќе биде
запаметен и по големиот инцидент кој се случи откако помошник судијата беше
погоден со лименка пиво која полета од трибините. Настрада главата на шведскиот
судија, Фредрик Кливер кој заработи голема исекотина и не можеше да продолжи да ја дели правдата.