923
Maкедонскиот напаѓач Иван Тричковски постигна уште еден гол во дресот на АЕЛ Лимасол и тоа на гости кај Неа Саламис во триумфот од 3-1.
Тричковски го постигна првиот гол за гостинскиот состав и тоа во 52. минута од натпреваротт.
Во овој момент екипата на АЕЛ е осма во првенството на Кипар со 36 бода по 30 кола.