Тричковски со нова улога во АЕЛ, ќе биде директор

by Стефан
1 минути читање

Македонскиот фудбалер Иван Тричковски по сезоната во АЕЛ во која на 18 натпревари постигна седум погодоци добива нова улога и во иднина ќе биде генерален директор на овој клуб.

Последните години од кариерата Тричковски ги помина на Кипар, а најдлабока трага остави во тимот на АЕК Ларнака каде што важи за вистинска легенда.

Во редовите на АЕК Тричковски помина осум години во период од 2016 до 2024 година и стана најдобриот странец во историјата на клубот, а беше и капитен.

Низ кариерата Тричковски го носеше дресот уште на: Црвена Звезда (Србија), Клуб Бриж, Беверен (Белгија), Ал-Наср (ОАЕ), Легија Варшава (Полска), Енозис и АПОЕЛ.

Фото: AEL Limassol FC/FB

Можно е и ова да ти се допаѓа

×