Три сценарија за рестарт на Серија А, еве кога може да продолжи фудбалот во Италија

by
1 минути читање

По одлуката на УЕФА
да го одложи Европското првенство за 2021 година, првенствата ширум Европа
почнаа да прават планови за продолжување на сезоната и нејзино финиширање во
јуни/јули.

Медиумите од
Италија сега пишуваат дека клубовите од Серија A почнале да прават планови за
рестарт на сезоната.

До крајот треба
да се одиграат 12 натпревари, односно некои клубови имаат 13 натпревари за
играње, па тоа ќе значи девет кола за време на викендите и четири кола преку
неделата.

Сценарио број 1:

Рестарт – 2. мај

Финиш – 28. јуни

Сценарио број 2:

Рестарт – 9. мај

Финиш – 5. јули

Сценарио број 3:

Рестарт – 16. мај

Финиш – 12. јули

Има и сценарио за
Купот на Италија, реваншите од полуфиналето да се играат на 20. и 21. мај, а
финалето на 18. јуни.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×