288
Екипата на Воска работи на засилувањата за вториот дел од сезоната, а денес тимот промовираше три нови имиња.
Во Воска пристигнуваат двајца фудбалери од Финска и еден од Словенија. Сите тројца потпишаа договори на година ипол.
Единствениот кој доаѓа од Словенија е Флип Веленчиќ кој игра како офанзивен играч за врска, но по потреба може да помогне и во нападот. Последен негов клуб е Хонка од Финска. Во кариерата беше дел од: Олимпија Љубљана, Монца, Нотс Каунти….
Од Финска пристигнуваат Туре Сира и Оива Лаксонен. Сира игра во средниот ред и пристигнува од финското првенство од Хака. Од истиот клуб пристигнува и 21-годишниот Лаксонен кој засилување за крилните позиции.