Три наместени натпревари во Србија, казната – 22 одземени бода!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалскиот сојуз на Белград имаше полни раце работа поради местење на натпревари.

Станува збор за три меча од Српската лига – Белград, трет ранг на фудбалот во Србија. По двомесечна истрага е потврдено дека се наместени три натпревари. Во скандалот се вклучени БАСК, Звездара и Прва Искра Бариќ, клуб кој во зимските подготовки го победи Работнички.

Во втората полусезона овие клубови ќе почнат со одземени бодови. Најлошо мина БАСК, доби казна од осум бода и во продолжениетот од сезоната ќе тргне со -1 поен бидејќи досега имаше 7. Слично е и во Прва Искра која имаше осум освоени бода и сите ќе ѝ бидат одземени. На Звездара, пак, ќе ѝ се одземат шест бода и ќе има 14.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×