Tри ирански фудбалски се предомислиле: Австралија им даде визи, но тие ќе се вратат дома

by Стефан
1 минути читање

Три фудбалерки на иранската женска репрезентација, на кои им беа одобрени хуманитарни визи за престој во Австралија, се предомислија и решија да се вратат во својата татковина.

Активисти за човекови права од иранската дијаспора соопштија дека станува збор за Захра Солтан Мешкекар, Мона Хамуди и Захра Сарбали.

Загриженоста за иранскиот тим се зголеми откако фудбалерките молчеа за време на химната на првиот натпревар од Азискиот куп против Јужна Кореја на 2 март, по што во Иран беа наречени „воени предавници“. Потврдувајќи ги нивните одлуки, австралискиот министер за внатрешни работи Тони Берк изјави дека неговата влада направила сè што може за да им овозможи на фудбалерките шанса за безбедна иднина во земјата.

Претходно и иранското Министерство за спорт ја потврди информацијата, која првично ја објави новинската агенција Тасним.

„Националниот дух и патриотизмот на иранската женска фудбалска репрезентација ги поразија непријателските планови насочени против овој тим“, се наведува во соопштението што го пренесе Тасним, при што австралиската влада е обвинета и дека „игра на теренот на Трамп“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×