1,5K
Ватфорд одолеа во првото полувреме, гостите беа скршени со неверојатен пропуст на судиите.
При првиот гол на Стерлинг имаше очигледен офсајд, судиите најпрво го поништија голот, но по консултација одлучија да го признаат. Огромна грешка.
Четири минути подоцна Стерлинг зголеми на 2-0, а натпреварот беше решен во 59. минута кога офанзивниот фудбалер на Сити комплетираше хет-трик.
До крајот на мечот Ватфорд успеа само да постигне почесен гол преку Делофеу.