Луис Томас Буфон, синот на легендарниот Џанлуиџи Буфон, го одигра својот прв натпревар во Серија А, точно три децении по дебито на неговиот татко.
Младиот Буфон дебитираше за Пиза во поразот на гости кај Болоња со 4-0, влегувајќи во игра во 77. минута на местото на М’Бала Нзола, во момент кога исходот на мечот веќе беше решен.
Алберто Џилардино, актуелниот тренер и поранешен соиграч на Џиџи Буфон во италијанската репрезентација, му ја даде шансата на 17-годишниот Луис Томас да ги запише своите први минути во најсилната лига на Италија. Неговиот татко го имаше своето деби во Серија А за Парма во ноември 1995 година, кога имаше 17 години и 295 дена.
Луис е роден во бракот со чешката манекенка Алена Середова, поради што настапувал за младинските селекции на Чешка, но сè уште има право да избере да настапува за сениорската репрезентација на Италија.