Денеска стартува новата сезона во најдобрата шпанска фудбалска лига, Ла Лига во која Барселона ја брани титулата, а Реал Мадрид под водство на Чаби Алонсо се надева дека ќе ја освои.
Колото почнува во 19 часот со мечот меѓу Жирона и Рајо Ваљекано. Нашиот Бојан Миовски би требало да биде во комбинација за настап на овој натпревар иако е извесно дека до крајот на преодниот рок ќе има нов клуб.
Вториот дуел се игра од 21:30 часот, тоа е пресметката меѓу Виљареал и Овиедо.
Актуелниот шампион Барселона сезоната ја почнува утре од 19:30 часот кога гостува кај Мајорка.
Првиот натпревар на Реал Мадрид е дури во вторник, на домашен терен играат против Осасуна.
Ла Лига 1. коло:
Петок
Жирона – Рајо Ваљекано 19:00
Виљареал – Овиедо 21:30
Сабота
Мајорка – Барселона 19:30
Алавес – Леванте 21:30
Валенсија – Реал Сосиедад 21:30
Недела
Селта – Хетафе 17:00
Атлетик Билбао – Севиља 19:30
Еспањол – Атлетико Мадрид 21:30
Понеделник
Елче – Бетис 21:00
Вторник
Реал Мадрид – Осасуна 21:00