Фудбалскиот натпревар меѓу Вршац и Вождовац во 28. коло во второлигашката конкуренција во Србија заврши без победник (1-1).
Сепак, овој имаше трето полувреме. Веднаш по последниот судиски свиреж двајца играчи влегоа во вербален дуел, а потоа настана вистински хаос. Целите екипи се собраа и настана мешаница, па иако во прв момент се разделија следеше уште една епизода.
Во неа полета и по некој бокс на теренот, за на крајот по неколку минути да се смират страстите.