Третиот најплатен играч во Реал е петта опција на својата позиција!

by 24 фудбал
1 минути читање

Судбината на Давид Алаба доживеа стрмоглав пад, од лидер во одбраната на Реал Мадрид, денес е само петта опција во тимот на Чаби Алонсо и сè поголем товар за клубот. Австриецот пристигна летото 2021 година од Баерн Минхен како замена за Серхио Рамос и брзо стана клучен дел од системот на Анчелоти со кој Реал ја освои и Ла Лига и Лигата на шампионите.

Но, сè се смени на 17 декември 2023 кога во мечот против Виљареал ги скина предните лигаменти на коленото. Од тој момент почна кошмарот. Алаба се врати дури по 399 дена пауза, на 19 јануари 2025, но настапите му беа ретки и далеку од очекуваното. Сезоната ја заврши со само 14 натпревари, од кои само пет како стартер, а само еднаш одигра цел меч.

Потоа следуваа нови повреди: аддуктор во февруари, па пукање на менискусот во април. Повторно операција, нова пауза. Иако беше дел од тимот на Светското клупско првенство во САД, не влезе во ниту една комбинација за настап.

Во меѓувреме, Раул Асенцио се етаблираше како стартер, Реал плати 58 милиони евра за Дин Хујсен, а Едер Милитао целосно се опорави и е подготвен за новата сезона. Алаба, пак, е далеку од формата и не е сигурно дали воопшто ќе биде на располагање.

Сето ова значи дека во сезоната 2025/26 ќе влезе како петта опција во срцето на одбраната. Дополнителен проблем за Реал е тоа што Алаба има трет највисок договор во тимот 22.5 милиони евра нето по сезона. Повеќе од него добиваат само Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор. Уговорот му истекува дури на 30 јуни 2026.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×