Неименуван
фудбалер од редовите на Брајтон е позитивен на тестирањето за коронавирус, нему
му претстои 14 дневна самоизолација, тој бил тестиран денеска, тоа е трет
случај на коронавирус во овој Премиерлигаш, откако претходно двајца беа
позитивни на вирусот.
Фудбалерите на
Брајтон тренираат индивидуално на тренинг центарот на клубот, а од клубот велат
дека нема да има забрана за продолжување на тренажниот процес.
Сево ова доаѓа на
24 часа пред утрешниот состанок на кој ќе се разговара околу „Проектот Рестарт“,
план со кој се нуди можност за продолжување на актуелната сезона.
„Постои
загриженост, и покрај сите мерки кои ги презедовме изминативе неколку седмици,
каде фудбалерите не учествуваа на групни тренинзи, ние повторно бележиме нов
позитивен случај на тестирањето за вирусот“ изјави Пол Барбер, извршниот директор на
клубот за „Скај Спортс“.
Коментирајќи ја
веста која дојде од Брајтон, ѕвездата на Норич, 22 годишниот Тод Кантвел твитна:
„И ние сме исто така луѓе“.

Премиерлигата е
суспендирана од 13 март, но планот е да се продолжи од идниот месец, но без
публика на трибините за време на натпреварите.