Трент призна: Напуштањето на Ливерпул ми беше меѓу најтешките одлуки во животот…

by 24 фудбал
1 минути читање

Трент Александар Арнолд ова лето направи голем трансфер и како слободен играч од Ливерпул премина во Реал Мадрид. Англичанецот веќе зборуваше за новите предизвици во шпанската престолнина и за тешката одлука да си замине од „Енфилд“.

Напуштањето на Ливерпул беше една од најтешките одлуки во мојот живот. Тоа е мојот дом и клубот ме направи тоа што сум. Но чувствував дека Мадрид е следниот чекор и вистинското време е сега. Реал е огромен предизвик, тежината на дресот ве тера да дадете сè од себе. Темпото и стилот тука се различни и тоа ме возбудува“, изјави десниот бек.

Александар Арнолд додаде дека преселбата во Шпанија ја гледа како лична и професионална трансформација.

Работам на мојот шпански јазик од моментот кога станав свесен дека доаѓам. Сакав да покажам почит кон навивачите и културата. Сè уште имам многу да учам, но уживам во процесот“, порача новиот фудбалер на Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×