Треневски поднесе оставка, „газда Попе“ му порача: Покажа врвна професионалност!

by
3 минути читање

Работнички тргна лошо во новата сезона од Првата лига на
Македонија, по шест одиграни натпревари се наоѓа во долниот дел од табелата,
поточно со пет бода на осмата позиција, а тоа значеше дека ќе има „жртва“ во
стручниот штаб.

Виктор Треневски од денеска повеќе не е шеф на стручниот
штаб на тимот од Дебар Маало, откако самиот си поднесе оставка, а причината за
таквата негова одлука е лошиот старт во новата сезона со една единствена победа
досега.

Сакам да ја
известам спортската јавност дека поднесувам неотповиклива оставка на
тренерската функција во Работнички. Согласно слабите резултати на тимот и
амбициите на клубот да биде меѓу позициите при врвот мислам дека треба јас да
ја сносам одговорноста како шеф на стручниот штаб. Работнички е голем клуб, му
посакувам се најдобро, ја заокружувам работата од овие 13 месеци која беше
навистина одлична. Беше релативно успешно во изминатиот период, нема да го
оценувам периодот низ овие четири натпревари, но не тргнавме најдобро и во
моментот е најважно да се направи ете еден позитивен шок, да си заминам. Тоа е
моја одлука и секој тренер во еден ваков клуб треба да си ја понесе
изјави
Тренневски.

На неговата одлука за оставка се надоврза првиот човек на
клубот, Драган Поповски – Попе, кој истакна дека одлуката на Треневски за
оставка е врвна професионалност од негова страна.

Согласно
ситуацијата во која се најде тимот на почетокот од овој шампионат и разговорите
со досегашниот шеф на стручниот штаб, раководството на ФК Работнички одлучи да
ја прифати оставката на Виктор Треневски. Во наредните два дена, до следниот
натпревар со Силекс, на итен состанок ќе биде разгледувана новонастанатата
ситуација и ќе се разгледуваат опциите за нов шеф на стручниот штаб. Од името
на ФК Работнички и од мое лично име како претседател сакам да му се
заблагодарам на Виктор Треневски за одличната соработка што ја имавме во
изминатиот период од една година. Тој демонстрираше врвна професионалност на
сите полиња во клубот и даде свој полн придонес за остварување на целите
минатата сезона, кога Работнички успеа да избори пласман во квалификациите за Лигата
на Европа, а потоа имавме успешна презентација и на меѓународна сцена“
издвои Поповски.

„Меѓутоа,
малку послабиот старт на новиот шампионат беше причина за разделба, а дури и во
овие моменти Виктор Треневски покажа максимална професионалност и тренерска
доблест преземајќи ја комплетно одговорноста за постигнатите резултати. Мора да
се потенцира неговиот професионален однос со фудбалерите и сите останати во
клубот, како и несебичната посветеност за работа со младите играчи, што секогаш
било и дел од стратегијата на ФК Работнички. Му посакуваме на Виктор Треневски
успешна тренерска кариера во иднина и не се сомневаме дека ќе ги оствари своите
цели и амбиции
додаде првиот човек на Работнички.

 

Извор/Фото: fkrabotnicki.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани