Треневски: Динамо Минск е на нивото на Вардар и Шкендија

by
1 минути читање

Работнички утре го продолжува настапот во квалификациите од Лига Европа, следен противник е Динамо Минск кој е многу посериозен тим од Тре Пене.

„Ни коментираа дека сме играле со аматери во првото коло, па еве сега на ред се професионалците. Динамо Минск има квалитетен тим, што би можел да го споредам со Вардар или со Шкендија од домашното првенство, според буџетите на овие клубови. Од тактички план играат со формација 3-4-3, можеби се фаворити, но и ние имаме свои планови што ќе се обидеме да ги реализираме во дела. Ќе играме без резерва до крај, има два меча, мислам дека ќе биде тесно, а ќе се решава на реваншот“ – истакна Виктор Треневски на денешната прес конференција.

Треневски нема да може да смета на Ванче Шиков кој го напушти Работнички и се пресели во Казакстан.

„Помошта од Шиков ќе ни беше добредојдена, сигурно ќе ни недостига, но имаме момци кои можат да го заменат“.

Натпреварот помеѓу Работнички и Динамо Минск се игра утре (четврток) на тренинг центарот „Петар Милошевски“ со почеток од 18 часот.

Фото: РК Работнички

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани