155
Трент Александер Арнолд решил да не го продолжи договорот со Ливерпул и на лето како слободен играч да се пресели во Реал Мадрид.
Според информациите кои доаѓаат од Шпанија, Арнолд е приоритет број еден за Реал Мадрид во наредниот летен преоден рок.
Кралскиот клуб од јануари веќе може да почне и преговори со фудбалерот бидејќи неговиот договор со Ливерпул истекува во јуни.
Англичанецот одбива да ја продолжи соработката, а тешко ќе му биде на Ливерпул да го убеди на поинаков чекор со оглед на тоа што на неговата врата тропа Реал Мадрид.
Ливерпул веќе почнал да се помирува дека голема е веројатноста да го загуби Арнолд и тоа за беспари, откако неговиот договор ќе истече.