500
Eкипата на Порто потврди дека Витор Бруно повеќе не е тренер на првиот тим.
Португалскиот гигант се одлучи за тренерска смена по лошите резултати во првенството и во наредниот период како привремено решение тимот ќе го води Жозе Тавареш.
На клупата на Порто Бруно пристигна во јуни 2024 година кога седна на местото на Сержи Консеисао.
Тавареш веднаш ќе ги започне подготовките со тимот бидејќи веќе в четврток Порто го очекува натпревар против Олимпијакос во рамките од седмото коло во Лигата на Европа.
Порто на табелата во првенството се наоѓа на третото место со 40 бода, Бенфика има 41, а Спортинг 44.