Тренерот на Велковски во Зрињски пријавен поради усташка парола!

by 24 фудбал
1 минути читање

Тренерот на Дарко Велковски во Зрињски, Игор Штимац, се најде во центарот на скандал во Босна и Херцеговина, откако фудбалските клубови Сараево и Вележ го пријавија до Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на БиХ. Причината е користење на контроверзниот усташки поздрав „За дом спремни“.

Штимац предизвика лавина реакции со објава на социјалните мрежи во која упати критики кон одредени медиуми, обвинувајќи ги за „исламизација на Европа“, а на крајот ја заврши со спорниот поздрав. Таквиот потег ги натера Сараево, Вележ и уште неколку клубови од БиХ да реагираат и официјално да поднесат пријава против стратегот на актуелниот шампион од Мостар.

Во реакцијата се потсетува дека членот 14 од Дисциплинскиот правилник на УЕФА јасно наведува дека навредување на човечкото достоинство по основ на религија, раса или етничка припадност претставува сериозен прекршок.

Од клубовите бараат Фудбалскиот сојуз на БиХ итно да покрене постапка против Зрињски и Игор Штимац и да изрече строга и соодветна санкција за тренерот на мостарскиот тим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×